М-р Марија Апостолоска – Кондоска е родена на 23.04.1988 година во Прилеп. Основно и средно образование завршила во Крушево.
Во 2007 година се запишала на додипломски студии на Техничкиот Факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола на студиска програма Техничка информатика. Студиите ги завршила во 2010 година со одбрана на дипломскиот труд со наслов „Mobile WiMax“ и се стекнала со стручен назив дипломиран информатичар.
Во 2011 година завршила и обука за педагошка доквалификација на Педагошкиот Факултет во Битола.
Од мај 2012 година до јули 2012 година била учесник на обуката „Microsoft SQL Server 2008“ во Едукативниот центар на Seavus во Скопје.
Во академската 2011/2012 година се запишала на втор циклус студии на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола на студиската програма Инженерство и менаџмент на софтверски апликации, на модулот компјутерско инженерство. Вториот циклус студии ги завршила на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во 2018 година, со одбрана на магистерскиот труд со наслов „Е-технологиите во функција на управувањето со знаење во локалната самоуправа“,со што се стекнала со научен назив магистер по инженерство на софтверски апликации.
Од јануари 2012 година до мај 2012 година работела на работна позиција IT Eксперт – обучувач во Агенција за вработување на Република Македонија на имплементација на IPA проектот „Поддршка на млади, долгорочно невработени и жени“ – обука за MS Office – напредно ниво.
Од јуни 2012 година до декември 2023 година има работено во повеќе државни институции и приватни фирми, како и на проекти финансирани од Европската Унија.