Мисија и визија

Мисијата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии е обезбедување континуирано образование на високостручен кадар оспособен компетентно да решава проблеми и да им излегува во пресрет на предизвиците на новото време, односно континуирано образование на стручни и претприемчиви индивидуи од областа на информатиката и новите технологии, кои ќе бидат конкурентни на државно и меѓународно ниво, преку висококвалитени студиски програми од научните полиња „Информатика“ и „Компјутерска техника и информатика“.

 

Нашата визија е припадност на семејството престижни институции од областа на информатиката и новите технологии, како и давање поддршка на меѓународната интеграција на нашата земја и нашето стопанство од аспект на негова меѓународна конкурентност и трансфер на знаење и технологија.

 

Амбиција на Факултетот е :

 

  • Да изгради лидерска позиција во образованието од областа на информатичките науки и комуникациското инженерство
  • Со своите предметни програми да се доближи кон потребите на стопанството и јавниот сектор и да ја зајакне соработката со истите
  • Да ја зајакне сопствената соработка со реномирани странски универзитети
  • Да изгради сопствена препознатливост во земјата и во странство, доближувајќи ги содржините и исходите од учењето со исти или слични студиски програми, кои се изведуваат на најквалитетни и високорангирани универзитети според светските образовни стандарди