ERASMUS+

Eразмус е програма за високо образование – двигател на модернизација на високото образование во Европа која го инспирирала воспоставувањето на Болоњскиот процес.


Програма за мобилност на студенти и наставен кадар ЕРАЗМУС ПЛУС

Реализирани мобилности на студенти од ФИКТ според програмата Еразмус +


Името Еразмус е акроним “European Community Action Scheme for the Mobility of University students”. Програмата се дефинира како програма која ја потикнува мобилноста на студентите и на наставните кадри со цел постигнување европска соработка, при тоа вклучувајќи високообразовни институции и други клучни актери на пазарот базиран на знаење.

ERASMUS+

Генералната цел на програмата: да креира Европски високо-образовен простор и да промовира иновативност ширум Европа. Академската мобилност која ја овозможува програмата Еразмус им овозможува на индивидуалците (студенти и наставен кадар во високото образование) можности за студирање, работа и живот во различни академски, културни и општествени околности.

Како резултат на тоа, личностите кои користеле мобилност ги зголемуваат своите можности за вработување, т.е ја зголемуваат нивната конкурентност на пазарот, се зајакнува општествената свест на поединците, со што пак се зголемува прагот на толеранција, како и свеста за потребата за борба против сите видови на дискриминција.

Програмата Еразмус своето име го добила по холандскиот филозоф, теолог и хуманист Еразмо Ротердамски (1466 – 1536 г.), кој живеел и работел во различни делови на Европа, верувајќи во тоа како само контактите со други земји може да донесат ново знаење и искуство кои тој ги барал.

Склучени договори во рамките на програмата Еразмус плус

Држава Универзитет
Република Хрватска Универзитет во Сплит

Универзитетот во Риека

Република Словенија

Универзитет во Љубљана

Република Бугарија

Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија

Република Романија

Универзитет „Василе Александри“ во Бакау

Италија Универзитет

Л’Аквила од Аквила