Латвиската ИТ компанија TestDevLab Ве поканува да учествувате во „Testers Challenge 2022“, ИТ натпревар кој ќе се одржи онлајн од 30 септември до 10 октомври. Учесниците во овој натпревар ќе имаат можност да го проверат нивното техничко знаење и логичко размислување. Оние кои први ќе ги решат сите задачи ќе бидат прогласени за победници и ќе добијат иновативни награди.

„Testers Challenge“ веќе трет пат е организиран од страна на TestDevLab, а минатата година во натпреварот учествуваа скоро 1000 луѓе. Треба да се напомене дека не мора да бидеш искусен ИТ професионалец за да можеш да учествуваш во натпреварот и да ги решиш задачите.

Андрејс Фришфелдс, коосновачот на TestDevLab, Ве поканува да учествувате во натпреварот: „Гледаме како нашите омилени апликации и веб страници постојано се апдејтираат со нови функционалности и често тие не работат како што треба или создаваат безбедносни ризици. Поради ова, софтвер тестерите, кои работат заедно со други ИТ специјалисти да го подобрат квалитетот на софтверот, стануваат сѐ поважни. Натпреварот „Testers Challenge 2022“ им овозможува на сите оние кои се заинтересирани за софтверски квалитет да се стават на местото на тестерот и да ја проверат нивната способност да најдат грешки или пропусти во софтверот. Кој знае, можеби на овој начин ќе сфатиш дека сакаш да изградиш кариера во софтверско тестирање.“

Посетете ја веб страницата на „Testers Challenge 2022“ за да ги прочитате правилата и да се пријавите: https://challenge.testdevlab.com/

TestDevLab е компанија која е основана во Латвија во 2011 и се занимава со обезбедување на услуги за тестирање на софтвер, како и создавање на производи за тестирање. Нивните клиенти вклучуваат стартап компании и интернационални гиганти како Microsoft, Skype, Orange, Telefonica, Airbnb и други. Над 500 тест инжинери од компанијата тестираат софтвер кој се користи од над 4,5 милијарди луѓе ширум светот. TestDevLab има добиено бројни награди како „LIAA Export and Innovation Award“ и „The Red Jackets Export Excellence Award“. Исто така, производите за тестирање од компанијата се високо пласирани во престижните „European Software Testing Awards“ неколку години по ред. Во 2019, TestDevLab се стекна со сертификатот за системски менаџмент за безбедност на информациите ISO/IEC 27001:2013.