На 09.05.2022, Преку CEEPUS програмата чиј потписник е ФИКT, во рамките на наставните активности по предметот Напредно програмирање, остварена посета на професор од Будимпешта, Золтан Порколаб, кој одржа гостинско предавање од областа на програмирање во С++, Статичка анализа на код и справување со грешки и исклучоци, и сподели свои работни искуства како главен програмер за С++ и интеграција со други програмски технологии во Ericsson Унгарија.Со студентите беа споделени информации за можностите за соработка во рамките на open source проектни активности, како и потенцијалите за добивање на студиски престои во Унгарија.