- Вештачка интелигенција за видео-игри
- Програмирање за мобилни платформи
- Компјутерска графика
- Неструктурирани бази на податоци
М-р Дарко Пајковски е роден во Битола на 22.02.1994 година. Дипломирал на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола – насока компјутерски науки и комуникациско инженерство во Септември 2016 година
Магистрирал на ФИКТ во Мај 2019 година со магистерска работа под наслов “FPGA дигитални архитектури за обработка на слики и видео во реално време ”
Од Септември 2015 до Септември 2021 година е ангажиран на Факултетот за информатички и комуникациски технологии како демонстратор по предметите од областа на Дигитална логика и системи, Основни инженерски концепти кај ИКТ, CAD/CAM апликации, Безжични сензорски мрежи, Напредна компјутерска графика, Моделирање за видео игри, Динамика кај видео игри, Софтверско инженерство, Програмирање за мобилни платформи и Податочно рударење.
Од Јули 2019 до Декември 2020 година работел во Tradiebot како Computer Vision Engineer, каде активно учествува и во научно-истражувачки проекти и активности.
Од Април 2021 до Јануари 2024 година работел како инженер за автоматика во Костал Македонија каде главниот фокус е насочен кон PLC Beckhoff системите, индустриски системи за визуелна инспекција, камери, сензори, скенери, ласери и CNC машини.
Од Јануари 2024 година е избран за асистент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола