Со дебитантското учество на Македонија на Game Jam Plus 2021-2022, се постигнаа две навистина важни нешта:
– Македонија беше земја со најголем број на учесници покрај домаќинот Бразил. Во октомври 2021 г. на настанот се вклучија 153 учесници и се формираа 23 тима од кои 5 продолжија во фаза на инкубација, а со тоа и кон полуфиналето.
– Играта Paint the Thing на тимот The Side од Охрид се пласираше во финалето и ја доби наградата Best Game Europe. Тимот патуваше на доделувањето на наградите во Рио де Жанеиро каде што се сретнаа учесници и организатори од сите континенти.

Овие достигнувања ни се најголем поттик повторно да го организираме настанот и да создадеме услови за уште поголем успех.

Почнуваме следниот викенд, 14-16 октомври, со 48-часовен game jam хакатон на ниво на цела Македонија. Ќе може да учествувате виртуелно од територијата на целата земја, а имаме и физичка локација со место за 60 учесници во новиот старт-ап центар Kasarna HUB во Охрид.
Натпреварите на кои може да се учествува се:

  1. Главен Game Jam Plus натпревар на кој ќе се развиваат игри на теми исти за целиот свет. За регистрација и информација https://forms.gle/dgn3BfnSTmuyKP4s5
  2. Натпревар “Креирај игра за планетата” на тема поврзана со климатските промени и животната средина и награда од 1300 €. За регистрација и информација https://www.eventbrite.com/e/430109819047

За сличностите и разликите помеѓу двата натпревара можете да прочитате тука:
https://www.facebook.com/GameJamPlusMacedonia/photos/a.118447110986205/124632090367707

За учество на настанот постои мала котизација. Со цел да им помогне на учесниците покровителот на натпреварот  “Креирај игра за планетата” ја покрива котизацијата за 80 учесници. Учесниците кои доаѓаат од социјално загрозено семејство, се деца на самохран родител, деца без родителска грижа или се лица со посебни потреби исто така се ослободени од плаќање котизација.
Спремни сме да направиме посебни пакети за групи на студенти и ве охрабруваме да ни се обратите. Целта е секој студент со желба и талент да добие можност да учествува.

Котизацијата изнесува 600 ден за настанот со физичко присуство во Kasarna HUB Охрид и 300 ден за виртуелно учество на територија на цела Македонија. За учесниците кои ќе работат во  Kasarna HUB Охрид ќе бидaт обезбедени 6 оброци, ужини, безалкохолни пијалоци и кафе; интернет, рекреативни активности и други удобности за непречена работа. За сите учесници, на физичката и на виртуелните локации ќе се одржуваат лекции и ќе има ментори кои ќе им помагаат во работата.

Концeптот на Game Jam Plus 2022-2023

Настанот се протега во период од 9 месеца и има 6 фази:

  1. Game Jam натпревар во тек на викендот 14-16 Октомври 2022 г, кој секоја држава учесник може да го организира на една или повеќе локации – физички или виртуелни. Темите на кои ќе се работи ќе бидат исти за сите земји, но изборот на најдобрите игри ќе се прави на локално ниво. Од секоја локација ќе бидат избрани игри кои ќе продолжат кон следните фази.
  2. Фаза на инкубација, која ќе се одвива од ноември 2022 г. до јануари 2023 г. Во неа ќе влезат 120 најдобри игри од првата фаза, од целиот свет. Тимовите ќе работат заедно со ментори – професионалци од интернационални компании, за да ги развијат своите првични прототипи во функционални игри.
  3. Полуфинале – оценување и прогласување на победници на ниво на континент. Ќе се одвива во текот на февруари и март 2023 г. и во него ќе имаат шанса да учествуваат сите игри од фазата на инкубација. Прогласувањето на победниците на европското полуфинале ќе се одржи во Лисабон, Португалија.
  4. Фаза на акцелерација која ќе се одвива во април и мај 2023 г. и е подготовка за “Business Round” фазата. Во неа ќе учествуваат 50 игри кои се избрани да се натпреваруваат во финалето. Во оваа фаза, игрите ќе бидат разгледувани од страна на издавачи и инвеститори. Тимовите со помош на ментори ќе се подготвуваат за настап во бизнис средина.
  5. Светско финале кое ќе се одржи во јуни 2023 г. во Рио де Жанеиро, Бразил. На него ќе се прогласат најдобрите игри во 16 категории, вклучитечно и Game of the Year наградата за најдобрата игра на светско ниво.
  6. Фаза “Business Round”, јуни 2023 г. во која тимовите и студијата ќе имаат директни средби со издавачи, инвеститори и продуценти.

За најновите информации следете ја FB страницата на Game Jam Plus Macedonia
https://www.facebook.com/GameJamPlusMacedonia

Повеќе за Game Jam Plus – глобално:
Web: https://gamejamplus.com/
Facebook: https://www.facebook.com/gamejamplus
Youtube: https://www.youtube.com/c/GameJamPlus/featured
Награда Best Game Europe: https://www.youtube.com/watch?v=6bR-NmhgA3s&t=9783s
Сите победници 2021/22: https://www.youtube.com/watch?v=t4DB5Z-tcEg&t=103s

Game Jam Plus Macedonia во медиумите:
– Нова Македонија https://novamakedonija.com.mk/makedonija/viktor-i-mario-ja-sozdadoa-najdobrata-videoigra-od-evropa-uspehot-otvora-bezbroj-vrati-iskustvoto-vo-rio-beshe-neverojatno/?fbclid=IwAR0ZdU-8W7mVXO8mackY7mfEkGcMAmj78rDsnjWwU1qMOq3iZoNPmt-Q76c
– Радио Слободна Европа https://www.slobodnaevropa.mk/a/31950141.html?fbclid=IwAR2MNR-2V7nu5jP_WfxLOC9f5DXCDBx-BN1uBJSi3K1wkF3rKHWhK8lwUoM
– Гласот на Америка https://www.facebook.com/watch/?v=757696122094470
– IT.mk https://it.mk/makedonskata-videoigra-paint-the-thing-proglasena-za-najdobra-igra-od-evropa-na-finaleto-na-game-jam-plus/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook