Prof d-r Nikola Rendevski

Associate Professor

Professors
  • Basic engineering concepts in ICT
  • Digital logic and systems
  • Network standards and devices
  • Wireless and mobile networks
  • Advanced network technologies
  • Next generation network architecture
д-р Никола Рендевски е роден во Битола на 13 јуни 1981 година. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје – насока Компјутерска Техника и Информатика и Автоматика.
Магистрирал на ФЕИТ (Kомпјутерска техника и информатика – КТИ) во мај 2010 година со магистерска работа под наслов „Синтеза на OpenSPARC процесорски јадра во FPGA“.
Во периодот јуни, 2012 – декември 2014 реализирал студиски престој на Универзитетот во L’Aquila (DISIM – Department of Information Engineering, Computer Science and Mathematics), Италија, како добитник на EUROWEB стипендија. Во текот на престојот работел на истражувања од областа на безжичните гигабитни мрежи од милиметарско браново подрачје во склоп на докторската дисертација “Проектирање на архитектурата и организација на мрежни уреди за следните генерации на компјутерски мрежи”.
Од јануари 2006 до октомври 2007 година работел во Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ – Истражувачки Центар за Енергетика Информатика и Материјали) во Скопје како системски инженер, каде активно учествува и во научно-истражувачки проекти и активности на институцијата.
Од октомври 2007 до септември 2014, работел на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, како помлад асистент и асистент по предметите: Компјутерски мрежи и Интернет, Архитектура на компјутери, Системски софтвер, Контрола и безбедност на информациски системи, WEB дизајн и кориснички интерфејс.
Во јануари 2015 е избран за доцент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, Битола.
Негови потесни области на научен интерес се безжичните комуникации, дигитален дизајн, и DSP за мрежни уреди од следните генерации. Тековно работи на безжични комуникациски технологии за 60 GHz (UWB) и 5G мрежи базирани на милиметарски бранови. Автор е на дваесеттина научни публикации од кои 7 се индексирани во базата Web of Science и Scopus. Рецензент е во значајни меѓународни конференции од областа на комуникациските технологии и тоа: IEEE ICCIEEE GlobecomIEEE PIMRCIEEE ICUWBIWCMCIEEE AEECTIEEE RTSI, IEEE VTC и реномирани меѓународни списанија како Transactions on Emerging Telecommunications Technologies,  Springer Wireless Personal Communication, IEEE Transactions on Signals and Systems, Wireless Communications and Mobile Computing, Elsevier Ad Hoc Networks и Journal of Signals Systems and Computers.
Зборува Англиски а се служи и со Италијански јазик.
Никола Рендевски е IEEE memberIEEE Communications Society Member и IEEE Computer Society Member