Проф д-р Мимоза Б. Јовановска

Редовен професор

Кадар
  • Концепти на информатичко општествоКомпјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи
  • Виртуелни општества
  • е-Влада и е-Управување

Вон. проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска е Доктор по административни науки. Докторирала на Универзитетот во Љубљана, Словенија, во 2012 година. Изборот во наставно-научно звање – вонреден професор бил во 2018 година.

Во периoдот 2008-2018 година извршувала повеќе функции на наведените факултети: Координатор за меѓународни програми за мобилност на студенти и наставен кадар; Секретар на Катедрата по јавна администрација; Претседател на Комисија за јавни набавки; Раководител на клуб за решавање на студии на случај – Case Study Club; Координатор на Инкубатор/Акцелератор BITHub; Креатор на ИПА проект за прекугранична соработка со Грција – EMPLOYOUTH; Член на Комисија за упис на нови студенти и Член на Комисија за самоевалуација.

Автор е на повеќе од педесет научни трудови од повеќе области, како што се: Информациски системи во јавен сектор, Менаџмент на јавна администрација, Бенчмаркинг на е-Влада, Информатичко општество и Паметни градови. Автор е на труд објавен во списание со импакт фактор. Учесник е на повеќе меѓународни и национални конференции и симпозиуми.

Добитник е на повеќе грантови за реализација на научни или наставни активности во странство (Министерство за образование и наука на РМ, BASILEUS, CEEPUS, MASHAV).

Во и надвор од академската кариера учествувала во и раководела со десетина домашни и меѓународни научни и апликативни проекти.

Член е на повеќе здруженија: Македонско научно друштво – Битола (Претседател на Надзорен одбор), Центар за локални иницијативи – Битола (Претседател), Македонска асоцијација за менаџмент – Скопје (Член). Член е на  Совет за соработка помеѓу Владата на РСМ и граѓанскиот сектор за областа Образование, наука и доживотно учење.

http://www.ramona-markoska.info/p/blog-page_28.html