Во петокот, на 23.12.2022 година претставници на ИТ компанијата Netcetera остварија работна посета на ФИКТ во рамките на часовите по предметот Концепти на информатичко општество. Во фокусот на средбата беа ИТ профилите како доминантни профили во Информатичкото општество.

Студентите посебен интерес покажаа за процесот на аплицирање на што претставниците на Netcetera посочија конкретни предлози во врска со содржината и фокусот на CV-то, како и потребата од поседување на конкретни комуникациски вештини при процесот на аплицирање и интервјуирање, но и во текот на работењето. На заедничко задоволство средбата заврши со договор за идни средби и соработка во која студентите поблиску ќе се запознаат со компанијата преку посета на нивните работни простории.