НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола
Посета на студенти од ФИКТ и запознавање со COBISS и E-CRIS.MK.
Денес Нашата библиотека ја посетија студенти од Факултетот за информациски и комуникациски системи-Битола со својата професорка вонреден проф. Мимоза Богданоска- Јовановска. Целта на оваа посета им беше да се запознаат со системот COBISS и E-CRIS.MK со кои нашата библиотека е мрежно поврзана со библиотеки од повеќе земји на Балканот.
Библиотекарите м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Маријан Колевски им овозможија на оваа група на студенти одблиску да ја запознаат библиотеката, нејзините функции и работата со COBISS и E-CRIS.MK системите за мрежно поврзување на податоците со кои располага библиотечниот фонд.