Почитувани,

 

Ве информираме дека во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, отворен е Повик за млади лица (18-29) за учество на обуки.

 

Преку проектот ќе се одржат вкупно 12 обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи на граѓани, со цел да намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат во нивниот професионален раст и развој.

 

Обуките ќе бидат поделени во три програми:

  1. Обуки за меки вештини, со кои најмалку 100 невработени млади лица и млади лица вработени во социјални претпријатија ќе развијат меки вештини како комуникација, лидерство, тимска работа, професионални вештини, ИТ меки вештини, итн. Обуките ќе се одржуваат со физичко присуство, имајќи предвид дека меките вештини полесно се пренесуваат во живо. Секоја од обуките за меки вештини ќе трае 3 дена.
  2. Обуки за претприемништво, со кои најмалку 100 невработени млади лица ќе се стекнат со потребните знаења за основање и управување со сопствено социјално претпријатие, како развој на бизнис план, запознавање со законските и административните одредби за започнување и управување со социјално претпријатие, управување со човечки ресурси, вмрежување итн. Секоја од обуките за претприемништво ќе трае 2 дена и истите ќе се одвиваат онлајн.
  3. Обуки за прибирање средства и за комуницирање со заедницата, со кои најмалку 100 потенцијални млади претприемачи и млади лица вработени во постоечки социјални претпријатија ќе бидат обучени како успешно да водат кампања за прибирање финансиски средства за нивното социјално претпријатие и како да комуницираат со нивната заедница и целна група. Обуките ќе траат 2 дена и ќе се одржуваат онлајн.

Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија, со финансиска поддршка од ЕУ.

 

Доколку познавате млади невработени лица или лица вработени/ангажирани во социјални претпријатија Ве охрабруваме да го споделите повикот со нив, достапен на следниот линк, а со цел истиот да добие поголема видливост и да опфати поголем број на млади лица, Ве замолуваме да го споделите повикот со вашите контакти и на вашите канали за комуникација.

 

Доколку имате потреба од било какви дополнителни информации, ви стоиме на располагање.

 

Со почит,

Тимот за комуникации на НМСМ

NYCM Secretariat
National Youth Council of Macedonia
M: +389 78 350 531
A: Veljko Vlahovikj 7/1-1,  1000 Skopje, North Macedonia
E: info@nms.org.mk