Во рамките на потврдената соработка на Стејт Департментот на САД и Владата на Република Северна Македонија во делот за образование и наука, со посебен фокус врз можностите за учество во академски програми за престој на реномирани американски високообразовни институции, како и релациите на УКЛО со Амбасадата на САД во Скопје во делот на известување за ваквите можности, ве известуваме за отворањето на најновите повици за аплицирање за Фулбрајт стипендии. Имено, Секторот за односи со јавност на Амбасадата се обрати со допис до УКЛО и инфомрира за најновите повици во оваа најпозната и ценета програма за студиски престои за академската 2025/2026 година. Во моментот, отворени се:

–          Повикот за Фулбрајт академци, за постдокторски престој на академскиот кадар од нашите единици, со краен рок за доставување апликации до 31 мај 2024 и

–          Повикот за студенти од прв циклус студии за престој на размена или за запишување мастер студии, исто така со краен рок за аплицирање до 31 мај 2024 година.

Во таа насока ве замолуваме оваа информација соодветно да ја дисеминирате на вашите единици. Дополнителни информации се достапни на официјалната веб-страница на Амбасадата, на следниве линкови: https://mk.usembassy.gov/the-fulbright-scholar-competition-for-the-academic-year-2025-2026-is-now-open/ и https://mk.usembassy.gov/the-fulbright-student-competition-for-the-2025-2026-academic-year-is-now-open/.

За детали во врска со начинот на подготвување на апликацијата, УКЛО во соработка со Секторот за односи со јавност на Амбасадата, планира да реализира и соодветна инфо сесија, во зависност од достапноста на нивниот кадар, за што ќе ви доставиме дополнително известување со покана за присуство.