ФИКТ активно ги презентира можностите за студирање пред средношколците.

Деновиве професорите проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска и проф. д-р Наташа Блажеска Табаковска ги посетија учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ и СОУ „Таки Даскало“ и им презентираа кои се можностите за студирање. Исто така и претставници на студентите од нашиот факултет на средношколците им објаснија како е да се студира компјутерски науки и комуникациско инженерство на ФИКТ и ги споделија своите искуства од наставните и дополнителните активности што Факултетот им ги нуди во подготовката за идни професионалци од ИТ индустријата.