Ќе се одржи турнир во Баскет 3 на 3.
Натпреварите ќе се одржат на 14.03.2024 (четврток) со почеток во 12 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Право на учество имаат студенти од прв, втор и трет циклус на студии, наставен и административен кадар на УКЛО. Екипите можат да бидат составени од студенти или вработени од различни единици на универзитетот. 
Турнирот има рекреативно-забавен карактер. 
Рок на пријавување до 13.03.2024 (среда) на следниот линк:
За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте го Марјан Љамчевски 072 316 246 /  marjan.ljamcevski@uklo.edu.mk