Home/Студенти/Уписи/Прв циклус (дипломски)

Прв циклус (дипломски)

Уписни рокови

Четврт уписен рок
Пријавување на кандидатите 03.10.2022
Објавување на прелиминарна ранг листа 04.10.2022
Објавување на решение за прием на кандидатите 06.10.2022
Запишување на кандидатите 07.10.2022

За сите кандидати задолжително е електронско пријавување кое можете да го направите на слeдниот линк:

online уписи

Активни студиски програми и број на студенти кои се примаат

студиска програма редовни партиципација (ЕУР) редовни со школарина партиципација (ЕУР) вонредни партиципација (ЕУР)
ИНКИ(осум семестри) 14 200 50 400 18 400
ИКТ(шест семестри) 12 200 10 400 10 400

Студиските програми детално можете да ги прегледата на следниот линк: студиски програми

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријава за запишување
  2. Електронска пријава (од iKnow системот)
  3. Оригинални свидетелства од сите класови
  4. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
  5. Документ-диплома за положена државна матура
  6. Извод од матичната книга на родените
  7. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  8. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  9. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  10. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
  11. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  12. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  13. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса

Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.

Одлука за листата на екстерни и интерни предмети