Уписни рокови
Прв уписен рок | Втор уписен рок | Трет уписен рок | |
Пријавување на кандидатите | 30,31.08.2021 и 01.09.2021 | 15 и 16.09.2021 | 27.09.2021 |
Објавување на прелиминарна ранг листа | 06.09.2021 | 20.09.2021 | 28.09.2021 |
Приговори | 07.09.2021 | 21.09.2021 | 28.09.2021 |
Објавување на решение за прием на кандидатите | 09.09.2021 | 22.09.2021 | 30.09.2021 |
Запишување на кандидатите | 10 и 13.09.2021 | 24.09.2021 | 01.10.2021 |
За сите кандидати задолжително е електронско пријавување кое можете да го направите на слeдниот линк:
Активни студиски програми и број на студенти кои се примаат
студиска програма | редовни | партиципација (ЕУР) | редовни со школарина | партиципација (ЕУР) | вонредни | партиципација (ЕУР) |
ИНКИ(осум семестри) | 150 | 200 | 50 | 400 | 20 | 400 |
ИКТ(шест семестри) | 30 | 200 | 10 | 400 | 10 | 400 |
Студиските програми детално можете да ги прегледата на следниот линк: студиски програми
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Пријава за запишување
- Оригинални свидетелства од сите класови
- Оригинално свидетелство за завршено средно образование
- Документ-диплома за положена државна матура
- Извод од матичната книга на родените
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
- Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
- Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
- Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
- Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
- Потврда за уплатени 50 денари за административна такса
Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.
НАСОКИ за постапување за време на пријавувањето / запишувањето на кандидати
по Конкурс во прва година во академската 2021/2022 година
- КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА
- КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА
- КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС – ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА