На Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола на 28.02.2023 година се одржа пригодна свеченост во чест на промоцијата на дипломираните студенти и магистри.

Честитки за успешно завршените студии на прв и втор циклус студии изрази ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски. Тој им порача дека на ФИКТ стекнале солидна основа за да бидат препознатливи и конкурентни на пазарот на труд, потсетувајќи ги дека знаењето е нивното најмоќно оружје.

Триесеттината дипломци и магистри беа промовирани од деканот на ФИКТ ред. проф. д-р Благој Ристевски кој истакна  дека му е посебно задоволство и чест во име на вработените на Факултетот и во мое лично име денес да го честита дипломирањето и промоцијата на студентите на прв циклус студии – дипломирани информатичари, дипломирани инженери по компјутерско инженерство, дипломирани инженери по информатички науки и комуникациско инженерство, и магистрирањето и промоцијата на магистрите на науки. во декемврискиот рок од 2022 година за промоција која за УКЛО беше јубилејна – одбележување на 20-тата годишнина од студии по информатика.

Деканот проф. д-р Ристевски истакна дека напорите и заложбите на студентите одеа заедно со напорите и заложбите на професорите со цел достигнување на новите сознанија и умеења во информатиката и комјутерската техника и информатика и да ги совладување на новите предизвици во развојот на информатичките и комуникациските технологии, како и стекнувањето со неопходните меки вештини.

„Можностите што ги нудат вашите знаења стекнати на ФИКТ – Битола се многу солидна основа што ќе ве водат, ќе ви даваат довербата дека сте опремени со сé што Ви е потребно да се зафатите силно во надминување на новите предизвици во областа на ИКТ. Знаењата што ги стекнавте од нас, професорите на ФИКТ, се одлична основа која ве прави конкурентни во рамки на македонските компании, како и во странските компании, но и таа основа е есенцијална за понатамошно надградување со новите технологии и иновации кои се предизвик во нашете современие, а ќе бидат и во иднина. Убеден сум дека изминатите неколку години коишто ги поминавте додека студиравте на ФИКТ се вашата најголема инвестиција. И треба да запомнете дека ФИКТ-Битола и  УКЛО – Битола секогаш останува ваша матична куќа, вашата Alma Mater, чии врати се секогаш отворени за вас и кадешто секогаш сте добредојдени за разговори, консултации, совети, споделување и размена на знаења и искуства и, секако, за натамошното стручно надградување на повисоките циклуси на студиите, на втор како и на трет циклус студии. Сега сте веќе алумни на ФИКТ и на УКЛО, и како на алумни ви пожелувам добро здравје, и значајни професионални достигнувања“ – им порача деканот проф. д-р Ристевски на дипломираните студенти на прв и втор циклус студии.

На дипломираните студенти им се обратија и претставници од  IW Connect, компанија со која ФИКТ и УКЛО остваруваат успешна соработка.

На промоцијата прогласен е и најдобриот студент на генерацијата Димитар Митревски, на којшто за постигнатиот успех  деканот проф. д-р Ристевски му врачи пофалница и парична награда.