Саемот на кариера за вработливост на студентите „Career Expo” кој на 12.05.2023 година се одржа на Факлутетот за информатички и комуникациски технологии- Битола под ист покрив ги обедини знаењето, искуството, младоста и желбата за напредок и проспертитет. 20 компании од ИТ секторот и компании од различни дејности пред студентите ги претставија можностите за практична работа и вработување, а пред средношколците ја претставија потребата од квалификувана работна сила.
ФИКТ на овој настан се покажа како одличен домаќин но, и мост во создавањето на врска меѓу стопанството и студентите, идните инженери од информатички профил.
ФИКТ и понатаму останува отворен за соработка со приватниот, јавниот и невладиниот сектор, преку реализација на низа активности со образовна, практична и развојна димензија, насочени кон промовирање на одржливо меѓусебно партнерство.