Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола продолжува со серијата работилници: ДОЈДИ и НАУЧИ.
На 1-ви март 2024 год. со почеток во 13:30 часот, во Амфитеатарот на ФИКТ ќе се одржи нова работилница под наслов “PLC системи во автоматизацијата на индустриските процеси во автомобилскиот сектор”. На оваа тема ќе зборува м-р Дарко Пајковски, асистент на ФИКТ.

Со задоволство Ве покануваме!