На 29 март 2024 година (петок) во Амфитеатарот на ФИКТ со почеток во 10:30 часот ќе се одржи работилница ДОЈДИ и НАУЧИ на која ќе слушнете за Microsoft Learn Student Ambassadors (МЛСА) програмата и искуства на досегашни учесници во истата.

Вклучувањето во МЛСА програмата е на волонтерска основа, не бара многу време на посветување, а може значајно да ги подобри вештините на студентите пред да се соочат со вработување и со реални проекти. Како дел од МЛСА програмата студентите ќе имаат можност да користат многу бенефиции што Мајкрософт ги нуди, а со менторската програма ќе се соочат со реални проблеми во светот на DevOps и Software Development Lifecycle Management.

Исто така, како надополнување на оваа програма постои можност за менторска програма водена од страна на Влатко Ивановски – Microsoft MVP, (Microsoft MVP for Development Technologies – DevOps & GitHub) во времетраење од 4 месеци за која ќе слушнете на самата работилница.

Агенда на работилницата:

10:30 – 10:40 – Вовед

10:40 – 11: 00 – (Марко Палоски – MLSA Country Lead) – Вовед во МЛСА програмата и начин на вклучување

11:00 – 11:15 – (Влатко Ивановски – Microsoft MVP) – Промоција на менторска програма и начин на колаборација со новопријавените студенти

11:15 – 11:55 – (Марко Атанасов (ФИНКИ) и Бојан Ивановски (УАЦС)) – Претходни менторирани студенти и презентација на сработеното

11:55 – 12:00 – Прашања