Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола организира нова работилница од серијата работилници: ДОЈДИ и НАУЧИ.

На 15-ти март 2024 год. со почеток во 10:30 часот ќе се одржи следната работилница од тој циклус под наслов “Опрема за намалување на ризиците од поплави и пожари (купола за виртуелна релност (ВР), сензори, компјутери, дронови)”, а за опремата за ВР ќе зборува проф. д-р Андријана Боцевска.

 

Ве покануваме во Амфитеатарот на ФИКТ!