Microsoft Learn Student Ambassadors (MLSA) програмата и искуства на досегашни учесници во истата беше темата на последната работилница ДОЈДИ и НАУЧИ која се одржа на ФИКТ на 29 март 2024 година.

Влатко Ивановски – Microsoft MVP и Марко Палоски – одговорен на ниво на државата за MLSA дадоа вовед во МLSА програмата и објаснија на кој начин може нашите студенти да ја искористат оваа програма, да научат нови алатки и да ги користат бесплатно. Марко Атанасов (ФИНКИ) и Бојан Ивановски (УАЦС) како претходни менторирани студенти и Microsoft амбасадори го презентираа сработениот проект “Azure in a Flash: One-click Github and Terraform Deployment”.

Студентите на ФИКТ добија уникатна можност да се вклучат во оваа програма и да работат под менторство на Влатко Ивановски. Заинтересираните можат да се пријават во текот на следните две недели на следниот линк:

https://mvp.microsoft.com/studentambassadors