На 03.10.2022 во просториите на ФИКТ, со одржувањето на академскиот час, официјално
се означи почетокот на академската 20
222023 година. На академскиот час присуствуваа
новите студенти кои одлучија своето образование да го продолжат на овој факултет и
нивните професори.

На свечениот час, новата генерација студенти на ФИКТ ги поздрави и срдечно добредојде
им посака и деканот на ФИКТ, проф. др Александар Маркоски. Запознавајќи ги со
поставеноста, организацијата и севкупните услови на факултетот, деканот Маркоски
истакна дека со стекнувањето диплома на ФИКТ веднаш по дипломирањето младите луѓе
го започнуваат и својот професионален пат бидејќи побарувачката на информатички,
стручен кадар е потреба за секоја сериозна и одговорна компанија.

Свое обраќање до студентите имаа и продеканот на настава и меѓународна соработка вонр.
проф. др Андријана Боцевска, продеканот за финансии и соработка со стопанството вонр.
проф. др Томе Димовски и
претставниците на ИТ компаниите Netcetera и IWConnect, Крсте
Ристевски, Дарко Велков и Петар Рајчиноски.

На првиот академски час до студентите се обрати и Димитар Митревски, дипломиран
студент на ФИКТ, креатор на Bintern: Платформата за пракса и работа и Претседателот на
Факултетското студентско собрание Софи Гајтановска.

Факултет за ИКТ