ФИКТ во соработка со компаниите од ИТ индустријата продолжува со организирање на Студентски работни групи. Целта на овие групи е да се запознаете со практично работење на некои од ИТ технологиите, да изработите практичен проект под менторство на вработени во компаниите и професори од Факултетот и да се стекнете со практично искуство кое ќе ви помогне да изградите свое портфолио. Штом стекнете доволно искуство, ќе можете да добиете понуда за пракса и/или понуда за работа.

 

Пријавувањето може да го направите најдоцна до 10 ноември 2023 на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSep-vTLUpAwFE3RQMgJbyI6HsGIsmQRBCr_Os4jhRoCNMv8_g/viewform?usp=sf_link

 

На повикот можат да се пријавуваат студентите од ВТОРА, ТРЕТА и ЧЕТВРТА година на ФИКТ