Со цел поквалитетно практично усовршување на студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, факултетот формира СТУДЕНТСКИ РАБОТНИ ГРУПИ каде студентите ќе работат на практични проекти. Студентските групи ќе работат на проекти од областите:

  • Web програмирање
  • Програмирање за мобилни платформи
  • DevOps
  • Интеграции на системи
  • ИКТ претприемништво
  • Quality Assurance

Студентските работни групи ќе бидат водени од ментори од ИТ компании и професори од факултетот, кои ќе ги водат студентите во процесот на изработка на проектите. Проектите ќе се изработуваат во групи од најмалку 3-ца студенти.

Студентите кои активно ќе учествуваат во изработката  на проектите ќе им бидат доделени сертификати од старана на ИТ компаниите, ќе имаат можност да бидат повикани на пракса во компаниите и да добијат можност за вработување.

На повикот можат да се пријавуваат студентите од ВТОРА, ТРЕТА и ЧЕТВРТА година на ФИКТ со пријавување на Online формата:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScm_qbU0mJV6IKOZjnLaC4LD703dfYZN64E06fZyiter-pygg/viewform

најдоцна до 10.03.2022!