Со цел поквалитетно практично усовршување на студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Факултетот на барање на компаниите по втор пат оваа академска година формира СТУДЕНТСКИ РАБОТНИ ГРУПИ каде студентите ќе работат на практични проекти. Студентските групи ќе работат на проекти од областите:
- Web програмирање
- Програмирање за мобилни платформи
- DevOps
- Интеграции на системи
- ИКТ претприемништво
- Quality Assurance
Студентските работни групи ќе бидат водени од ментори од ИТ компании и професори од факултетот, кои ќе ги водат студентите во процесот на изработка на проектите. Проектите ќе се изработуваат во групи од најмалку 3-ца студенти.
Студентите кои активно ќе учествуваат во изработката на проектите ќе им бидат доделени сертификати од страна на ИТ компаниите, ќе имаат можност да бидат повикани на пракса во компаниите и да добијат можност за вработување.
На повикот можат да се пријавуваат студентите од ВТОРА, ТРЕТА и ЧЕТВРТА година на ФИКТ со пријавување на Online формата:
најдоцна до 10.02.2023!