Отворен повик за учество на млади (16-24г.) во рамки на проектот ,,Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ.

 

Проектот претставува иницјатива за проактивно општествено учество на младите во постигнување позитивни промени на општествено релевантни предизвици.

Главната цел на проектот вклучува менторство на 25 млади лица, кои низ 5 форуми во 5 различни општини ширум земјата (Скопје, Гостивар, Битола, Струмица и Куманово), ќе добијат шанса да ги унапредат своите лични и професионални вештини, ќе проследат обуки за психо-физичко здравје, застапување и јавно презентирање.

Финалната задача по форумот ќе им овозможи на тимот на млади да идентификуваат конкретен предизвик кој за нив најзначаен и да работа во насока на покренување на промена на истиот, со наша целосна поддршка.

Повикот за Третиот Форум за менторство на подрачјето на Општина Битола е веќе отворен, заклучно со 2мај  2024 год. до 23:59 часот, а на следните линкови може да пристапите до повикот за повеќе детали како и до официјалната веб-страна на проектот за повеќе информации: