Врз основа на Одлуката бр.03-405/1 од 20.10.2021 година за распишување на избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, а во врска со Одлуката бр. 03-405/3  од 18.11.2021 година, за одлагање на студентските избори за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола објавува:

  

О Г Л А С

за пријавување на кандидати зана членови и претседателна Факултетското студентско собрание на ФИКТ

Се распишува дополнителен ОГЛАС за пријавување на кандидати за:

  • ЧЛЕНОВИ на Факултетското студентско собрание на ФИКТ- Битола

Право да избираат имаат сите студенти на Факултетот, кои се запишани на студии во учебната година 2021/2022 година.

Право да се пријават за членови на Факултетското студентско собрание на ФИКТ- Битола имаат сите студенти на Факултето кои се запишани на студии во учебната 2021/2022 година.

Мандатот на членовите на Факултетското  студентско собрание трае една година со право на уште еден избор.

ИЗБОРОТ на членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола,  ќе се врши наепосредни, фер и демократски избори со тајно гласање, на 14.12.2021 година од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на Факултетот согласно актуелните во тој момент анти Covid 19 протоколи.

Кон пријавата, кандидатите, ги доставуваат следниве документи:биографија/CVи потврда од службата за студентски прашања дека студентот е запишан во учебната 2021/2022 година.

Огласот трае 7 дена од денот на објавувањето на огласната табла и веб страната на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, а пријавите со потребните прилози се поднесуваат до Изборната комисијата, преку архивата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, или по пошта на адреса: „Партизанска“  б.б. 7000, Битола.

Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.
                     Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола

 

Врз основа на чл. 37 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник бр. 82/2018), член 23 од Статутот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола и одлука бр. 03-405/1, донесена од деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола на 20.10.2021 година, со измените и дополнувањата од 18.11.2021, а по објавениот дополнителен оглас за избор на претседател на студенско собрание објавен на web страната на факултетот и огласна табла на факултетот на 20.11.2020 година, Изборната комисија ја утврди следната:

ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТУДЕНСКО СОБРАНИЕ:

Рб. Презиме и Име Број на индекс
1 Босилковска Ангела ИНКИ 539
2 Гајтановска Софи ИНКИ 719

Изборната комисија утврди дека пријавениот кандидат по објавениот конкурс ги исполнува условите предвидени со Законот за високото образование (Службен весник бр. 82/2018), со Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, како и со Статутот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Изборна комисија