Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, како партнер, беше дел од 5-тиот по ред Саем за кариера во организација на Младински културен центар-Битола.
На платото во музеј и галерија – Битола, каде што се одржуваше и настанот, свое учество зедоа 22 компании,  кои пред присутните ги понудија своите 200 слободни работни позиции. Ова беше шанса за сите оние што се во потрага по работа, без досегашно искуство или, пак, им е потребна дообука, подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното вработување.