Успешно заокружено академското образование за генерација студенти на ФИКТ! На 21 декември 2023 година во Амфитеатарот на ФИКТ се одржа свечена промоција на дипломирани студенти на прв и втор циклус студии. На настанот се обратија проректор проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и деканот на Факултетот проф. д-р Благој Ристевски кои им честитаа на дипломираните студенти и ги охрабрија за уште поголеми успеси во иднина. Тие им порачаа дека како наши алумни во секој момент се добредојдени на ФИКТ, а во заедницата се најдобри промотори на нашите напори за успешно и кавлитетно образование. Факултетот на најдобрите студенти им додели награди. На настанот се обрати и Бојан Наумовски од компанијата IW Connect кој во свое име и од името на компанијата им честита на дипломците и магистрантите и на најуспешните им додели награди.

На сите дипломирани студенти им посакуваме уште многу успеси во иднина!