Во рамки на серијата работилници ДОЈДИ И НАУЧИ, на 9 мај 2024 год. м-р Анета Трајковска,  вработена во IW Connect  и студент на трет циклус студии на ФИКТ ги презентираше можностите за автоматизација и мониторинг на интеграциски ETL процеси во процесот на дистрибуција на податоци. Практичната реализација на ETL процесите за подготовка, анализа и извлекување на знаење од податоци беше презентирана пред студентите.