Се распишува ОГЛАС за пријавување на кандидати за:
1) ЧЛЕНОВИ на Факултетското студентско собрание на ФИКТ- Битола
Право да избираат имаат сите студенти на Факултетот, кои се запишани на студии во учебната година 2021/2022 година.
Право да се пријават за членови на Факултетското студентско собрание на ФИКТ- Битола имаат сите студенти на Факултето кои се запишани на студии во учебната 2021/2022 година.
Мандатот на членовите на Факултетското студентско собрание трае една година со право на уште еден избор.
ИЗБОРОТ на членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, ќе се врши наепосредни, фер и демократски избори со тајно гласање, на 25.01.2022 година од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на Факултетот согласно актуелните во тој момент анти Covid 19 протоколи.
Кон пријавата, кандидатите, ги доставуваат следниве документи:биографија/CVи потврда од службата за студентски прашања дека студентот е запишан во учебната 2021/2022 година.
Огласот трае 7 дена од денот на објавувањето на огласната табла и веб страната на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, , а пријавите со потребните прилози се поднесуваат до Изборната комисијата, преку архивата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, или по пошта на адреса: „Партизанска“ б.б. 7000, Битола.
Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.