Зголемен интересот за студирање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, каде на првиот уписен рок за академската 2022/20223 г. се запишаа вкупно 120 студенти. Остануваат уште само 41 слободни места во државната квота на четиригодишната студиска програма Информатички науки и комуникациско инженерство, додека на тригодишната студиска програма Информатика и компјутерска техника, во државната квота, има слободни уште 13 места. Заинтересираните можат да се пријават на вториот уписен рок, на 14-ти и 15-ти септември 2022.

УПИСИ