Во текот на работилницата од серијата ДОЈДИ и НАУЧИ, која се одржа на 22 март 2024 година присутните можеа да слушнат кои се предизвиците и можностите на  Smart citу архитектура со користење на IoT системи. За темата зборуваше  асистент од ФИКТ м-р Христина Димова Поповска. Студентите од ФИКТ – Битола и учениците од средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар подетално слушнаа за компонентите на паметната архитектура во еден град. Нивните професори истакнаа дека учениците се заинтересирани и понатаму да доаѓаат на ФИКТ и имаат желба да добијат нови знаења од информатичките науки и комуникациските технологии.