На 17 ноември 2023 се одржа уште една од серијата работилници насловени како ДОЈДИ И НАУЧИ. Заинтересираните студенти и поранешни студенти присуствуваа на практична презентација за Тестирање на софтвер. Quality Assurance Engineer Стефан Гуличоски од компанијата ITLabs работеше практично со присутните на неколку случаи на тестирање.