ФИКТ повторно ги обедини заинтересираните на нова работилница од серијата работилници: ДОЈДИ и НАУЧИ. На 15-ти март 2024 год. се одржа работилница под наслов „Опрема за намалување на ризиците од поплави и пожари (купола за виртуелна релност (ВР), сензори, компјутери, дронови)“, од страна на проф. д-р Андријана Боцевска, професор на ФИКТ.

Во Амфитеатарот на ФИКТ, рамо до рамо со нашите студенти и професори, гости беа и наши поранешни студенти денес вработени во компании од ИТ индустријата. Исто така, не посетија и учениците заедно со своите професори од СОЕУ „Јане Сандански“, СОУ „Таки Даскало“ и ПСУ „САБА“. На почетокот на работилницата, учениците имаа можност да слушнат на кратко што им нуди ФИКТ доколку се запишат како идни студенти. Присутните ги поздрави организаторот на работилниците, продекан за наука и соработка проф. д-р Костандина Вељановска и им објасни на идните студенти за можностите покрај знаењето на часовите, да се стекнат и со дополнително знаење со присуство на вакви работилници. Деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски го истакна своето задоволство што во голем број учениците од средните училишта, повеќе пати го посетуваат Факултетот и се интересираат за нашите студиски програми и за новата опрема за виртуелна реалност.

На наше големо задоволство, ги угостивме и нашите најмали посетители, учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола кои дојдоа заедно со своите професори да научат како изгледа купола за виртуелна реалност.