Петар Митревски и Валентин Стојановски, студенти на ФИКТ – Битола, единица на УКЛО, добитници се на стипендии кои за прв пат ги доделува КС ГРУПАЦИЈА- Битола, во рамки на иницијативата за поддршка на младите во образованието.

На чинот на доделување  на стипендиите, на 24 ноември 2023 г. присуствуваше и проф. д-р Божидар Миленковски, продекан за финансии на ФИКТ кој имаше кратко обраќање во кое истакна дека ова е извонреден пример за тоа како корпоративниот сектор и високо образовните институции можат да ги здружат силите за да обезбедат позитивни влијанија во животот на младите луѓе.