Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на Отворениот Ден за Тренинг Програма на IT Labs за Дизајнирање на Чипови со HDL, која што ќе се одржи во Арената на IT Labs, на 1 Март, со почеток во 17 часот, која Благој Ќупев, CIO во IT Labs, ќе ја презентира тренинг програмата, ќе зборува ќе објасни повеќе за технологијата која ќе се изучува на овој тренинг, како и потребните способности и квалификации кои кандидатите би требало да ги поседуваат за да можат успешно да ја завршат тренинг програмата.
Дизајнирање на чипови со HDL методологија се смета за врвна технологија наменета за дизајнирање на комплексни специфички дигитални системи кои не може да се набават на друг начин. Програма од ваков вид кај нас се уште не е достапна, и сметаме дека со нашата програма, заинтересираните студенти (и други што ќе се пријават) ќе се стекнат со знаење и вештини потребни за дизајнирање и верификација на концепти развиени со HDL. Најдобрите од програмата ќе добијат шанса да се вработат во IT Labs, и да продолжат да работат со оваа методологија и на ваков тип на технологии, рамо до рамо со другите тимови во компанијата.
Целта ни е да изградиме тим од високо квалификувани инженери кои ќе се стручни во сферата на создавање и развивање на дигитални системи со користење на HDL (Hardware Description Language) на различни типови на силиконски архитектури како на пример: CPLD, FPGA, и потенцијално ASIC.
Сметаме дека оваа програма може да биде одлична можност за студенти да работат со врвна и уникатна технологија, и да се здобијат со знаење и вештини кои ќе им овозможат да имаат успешни кариери во оваа сфера!
Поздрав
Повеќе информации околу програмата и технологијата можете да најдете овде: https://www.it-labs.com/open-call-for-it-labs-chip-design-with-hdl-training/
Со нетрпение ве очекуваме на отворениот ден на 1ви март во 17 часот во нашите простории!

Локација: https://goo.gl/maps/yZnAuZ3kxkVD1HCq9