Проф. д-р Игор Неделковски

Редовен Професор

Кадар
I циклус (додипломски студии):
II циклус (после дипломски студии):
III циклус (докторски студии):
  • Одбрани поглавја од виртуелно инженерство
Игор Неделковски е роден на 12.03 1966 год. во Битола. Дипломирал во 1990 година на Универзитетот во Битола, Технички факултет, машински отсек со што се стекнал со звање дипломиран машински инженер. Магистрирал на Универзитетот во Белград, Машински факултет – Белград во 1993. Докторирал во 1997 година на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, Технички факултет – Битола со дисертација од областа на компјутерски поддржано инженерство, со што се стекнал со звање доктор на технички науки. Експерименталниот дел од докторските истражувања го реализирал на Политехничкиот универзитет во Варшава.
Од 1993 година вработен е на Техничкиот факултет – Битола при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола како асистент. Избран е за доцент во 1998 година, унапреден во вонреден професор во 2003 година, а од 2008 година е избран во редовен професор. Од 2015 вработен е на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола
Проф. Игор Неделковски во периодот 2017-2019 беше декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Од 2019 до денес е проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Комплетна биографија ќе најдете на www.igor-nedelkovski.info.