- Компјутерска графика
- Основи на софтверски развој
- Системи за управување со бази на податоци и развојни алатки
- Податочно рударење
- Теорија на системи
- Криптографија и криптозаштита
- Напредни бази на податоци
- Системи за управување со бази на податоци
Вонр. професор д-р Благој Ристевски е роден во Битола, каде завршува основно и средно образование. Продолжува на дипломски студии на Електротехничкиот факултет – Скопје на насоката Компјутерска техника, информатика и автоматика и се стекнува со звање дипломиран инженер по електротехника на насоката Компјутерска техника, информатика и автоматика. Постдипломските магистерски студии ги завршува на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во 2007 год. и со одбрана на магистерскиот труд „Алгоритми за анализа и визуелизација на податоци од DNA микрорешетки“ се стекнува со звање магистер по електротехника на насоката Компјутерска техника и информатика. Во 2011 год. со одбрана на докторската дисертација „Моделирање, анализа и валидација на генски регулаторни мрежи“ докторира на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје на Институтот за Компјутерска техника и информатика.По дипломирањето, академската кариера ја започнува на Технички факултет – Битола, каде во 2002 год. е избран за помлад асистент од научната област Информатика. Во 2007 год. е избран, а во 2010 реизбран за асистент од научната област Информатика на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола. Во 2011 год. е избран за доцент на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во научните области Програмски јазици и технологии, Бази на податоци и Процесирање на податоци. Од септември 2014 год. продолжува со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола. Во 2015 год. е избран за вонреден професор во научните области Бази на податоци, Програмски јазици и технологии, Процесирање на податоци и Биоинформатика и биоинженерство. На Факултетот за информатички и комуникациски технологии е предметен наставник по предметите: Основи на софтверски развој, Системи за управување со бази на податоци и развојни алатки, Напредни бази на податоци, Компјутерска графика, Криптографија и криптозаштита, Податочно рударење и Теорија на системи. На Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, бил предметен наставник по следните предмети на прв циклус студии: Структурно програмирање, Основи на програмирање, Објектно ориентирано програмирање, Основи на софтверски развој, Компјутерска графика, Напредни бази на податоци, Системи за управување со бази на податоци, Дизајн и администрација на бази на податоци, Теорија на системи, Е-здравство, Криптографија и криптозаштита.Исто така на ФИКТ е прв, односно втор член на предметната комисија по следните предмети од втор циклус: Биомедицинско инженерство, Податочно рударење, Администрирање на бази на податоци, Безбедност на бази на податоци, Логичко програмирање, Дистрибуирани бази на податоци, Компјутерска графика – напреден курс, Е-учење, Информациско-комуникациски технологии во образованието, Безбедност на информациски системи и криптографија.
На ФАМИС бил прв, односно втор член на предметната комисија по следните предмети на втор циклус: Безбедност на бази на податоци, Логичко програмирање, Е-учење, Дистрибуирани бази на податоци, Администрирање на бази на податоци, Вештачка интелигенција, Биомедицинско инженерство и Web програмирање.Член е во одборот на рецензенти на меѓународното списание International Journal of Computer Science Issues, како и рецензент на меѓународното списание Informatica, An International Journal on Computing and Informatics. Член е во Македонското научно друштво – Битола.
Области на научен интерес се: Биоинформатика, Бази на податоци, Програмски јазици и алгоритми, Компјутерска графика, Податочно рударење и Криптографија.