- Англиски јазик
Лела Ивановска е родена во 1982, во Битола. Дипломирала во 2005 година, на Филолошкиот факултет при Југозападниот Универзитет “Неофит Рилски” Благоевград, Република Бугарија. Во 2007 магистрирала на истиот факултет на тема: Функцијата и значењето на модалните глаголи can/could и may/might во англискиот јазик, со стекнат академски степен Магистер по Филолошки науки, специјалност англиска филологија. Во 2014г. се запишала на докторски студии на Педагошки факултет, Битола.
Своето работно искуство го започнала во 2005 како наставник по англиски и француски јазик во ОУ. Даме Груев, Битола. Академската кариера ја започнала во 2008 година, кога се вработила како лектор по англиски јазик на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Предава англиски јазик и на Високата Медицинска Школа во Битола. Поставена е за судски преведувач во 2007 година.