Проф д-р Снежана Савоска

Редовен професор

Кадар
  • Анализа и логички дизајн на информациски системи
  • Контрола и безбедност на информациски системи
  • Управување со информации и одлучување
  • Основи на информациски системи
  • Примена на информациски системи во деловни организации
  • Визуелизација на податоци
  • Проектирање на информациски системи
  • Безбедност на ИС и криптографија

Снежана Савоска е родена во Прилеп, 1962, каде завршува основно и средно образование. Образованието го продолжува на додипломски студии на Електротехничкиот факултет – Скопје и се стекнува со звање дипломиран инженер по електротехника. Постдипломските магистерски студии завршила на Економскиот факултет при УКЛО во 2007 год., а докторски студии на Факултетот за Администрација и менаџмент на информациски системи – Битола во 2010 година. За доцент е избрана во јануар 2011, а за вонреден професор  во август 2015 год. Научниот интерес е од областите Информациски системи, Визуелизација на податоци, Анализа и логички дизајн на информациски системи, Системи за поддршка на одлучување, Бизнис интелигенција, Складишта на податоци.