Проф д-р Моника Марковска

Вонреден професор

Кадар
  • Проектен менаџмент

Вон. проф. д-р Моника Марковска е родена на 20.06.1979 година во Битола. Матурира во 1998 година со одличен успех. Понатамошното образование го продолжува на Педагошкиот факултет во Битола каде дипломира во 2002 година. Кандидатката го продолжува нејзиното образование на последипломски студии на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје на студиумот менаџмент на човечки ресурси. Во 2007 година, магистрира со одбрана на магистерскиот труд под наслов: „Интрапретприемаштвото во функција на зголемување на ефикасноста и ефективноста во работата“, со што се стекнува со академски степен магистер на менаџмент на човечки ресурси. Во декември 2009 година, на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје успешно ја одбранува докторската дисертација под наслов: „Интрапретприемаштвото во функција на подобрување на квалитетот во работењето на постојните организации“, со што се стекнува со научен степен доктор на менаџмент.