- Финансиски менаџмент
- Економија на јавен сектор со економика на здравството
- Макроекономија
- Меѓународни финансии
- Финансиски пазари и институции
Доцент д-р Марина Блажековиќ е родена на 16 март 1985 година во Битола.Додипломски студии завршува во 2007 година на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола на насоката Сметководство, финансии и ревизија. По дипломирањето, студиите ги продолжува на последипломскиот студиум “Бизнис администрација МБА – менаџмент” на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, каде магистрира во 2010 година. Докторската дисертација ја брани на истиот факултет со што се стекнува со научен степен доктор на економски науки.Академската кариера ја започнува во 2007 година на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.